Обновете си ги навреме документите, најавен е штрајк на управата за матични книги, бараат повисоки плати
Конфедерацијата на синдикални организации со Независниот синдикат на управата за Матични книги најавува дека од утре ќе започне штрајк.
Деталите за штрајкот и последиците, од КСОМ ќе ги соопштат денеска напладне.
-Јавноста мора да знае дека учениците кои наназад 2 недели не посетуваа настава заради штрајк на просветните работници сега со штрајкот на Независниот синдикат на управата за Матични книги родителите нема ни да можат да ги запишат нивните деца за наредната година поради неработењето на матичните канцеларии, велат од КСОМ.
Посочуваат дека во случај на подолго времетраење на штрајкот огромниот број на граѓани на државата од дијаспората кои вообичаено доаѓаат преку летните одмори за да ги обноват своите лични документи, а задолжително претходно од управата за матични книги вадеа бројни документи , оваа година е можно да не можат да ги обноват поради најавениот штрајк.