Ако треба да се плати цената на национално обезличување, тогаш фала не треба, јас не сакам да бидам Европеец, заборавајќи дека сум Македонец изјави Стефан Андоновски
Една од главните премиси на Европската унија е заедништвото во различностите. Така што влегувањето во Европската унија, ако треба да се плати цената на национално обезличување, тогаш фала не треба. Затоа што јас не сакам да бидам Европеец, заборавајќи дека сум Македонец, а во моментот од Бугарија токму тоа се бара, вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.
Андоновски вели дека има три бугарски ставови, но најдоминантна е тој во која се негира македонската нација, додавајќи дека е потребно да се вклучат МАНУ, невладините организации и граѓани за да се изгради македонската национална позиција, бидејќи како што рече Османи прво се консултира и ги пренесува позициите на бугарските национални медиуми, а тек подоцна и на македонските.
И вториот дел кога ја слушате Бугарија вие треба да слушате, три страни затоа што има три стран внатре. Првата Румен Радев претседателот чии што рејтинг последниот период е стабилен на 50 плус проценти од доверба кој што вели Македонците се измислена нација од коминтерната, да не заборавиме тој е комунистички генерал од поранешната комунистичка Бугарија. Втората група Петков кој што предводи влада од три поголеми партии кој што вели денеска едно, утре друго, отвора културен клуб каде што пишува Македонците се измислена нација, ама вели јас сум многу Европеец, Американец, каде и да е ќе се договорам, немам проблем, чија што поддршка лавира од ден на ден. Човекот не знае дали оваа следната недела или следниот месец ќе му падне владата која што ја води. Имаме трета група, внатре во владата на Петков која што вели ние кон Македонците не правиме никакви попусти и тие како нација не постојат, истакна тој.
Извинете без пишани гаранции кои што ќе аброгираат Рамковната позиција и Резолуција на бугарскиот парламент која што е анационална кон Македонците, дури е и националшовинистичка ние не сме подготвени да одиме ниту еден чекор напред кон раздавање на македонските национални интереси. Но знаете што е најопасно? Наместо Бујар Османи да се консултира со македонските мислители, научници, опозиција, граѓани, се консултира со бугарските. Па така позициите на Македонија прв пат ги слушаме на бугарските национални медиуми, за недела дена да ги слушнеме на македонските национални медиуми. И тоа е опасноста, затоа што ако се консултирате со бугарските која што ги има овие три става кои што ги кажав, а најдоминантен е ставот за негирање на македонската нација, имате сериозен проблем, додаде Андоновски.
Наместо тоа подобро е да се дискутира во собранието на затворена седница, подобро да се дискутира со МАНУ, невладините организации и граѓани, за да ги изградиме македонската национална позиции, бидејќи очигледно е дека нешто се преговара, нешто можеби е веќе договорено за кое што никој ништо не знае во детали, дециден е Андоновски.