Демонстрантите ги палат куќите на политичарите
Премиерот на Шри Ланка денеска ја напушти својата официјална резиденција во Коломбо, откако во неколку наврати армијата беше приморана да интервенира за да спречи насилен упад на антивладини демонстранти во комплексот.
Во немирите низ Коломбо целосно се опожарени повеќе од 70 станбени објекти, канцеларии, како и 150 автомобили на поранешни министри и пратеници на владејачкиот Народен фронт на Шри Ланка. Демонстрантите повеќе од еден месец кампуваа пред канцеларијата на претседателот на државата Готабаја Раџапакса, барајќи негова, како и оставка на неговиот брат од премиерската функција.