Ерлинг Халанд беше блиску до враќање на теренот
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд беше блиску до враќање на теренот, но сега од Германија за фановите на Борусија Дортмунд пристигнува лоша вест.
21-годишниот голгетер надвор од терените беше цел месец поради скинат мускул. Изгледаше дека повредата е минато, но медиумите во оваа земја пишуваат дека Норвежанецот на еден од тренинзите ја обновил повредата.
Првите најави по оваа нова информација е дека Халанд на терените ќе се врати во април. Ако се потврди ваквото сценарио тоа ќе биде голем удар за Борусија Дортмунд и битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.