Францускиот предлог е фијаско и остварување на сите бугарски барања изјавија од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели на:

Падна бугарската влада, треба да падне и владата на Ковачевски во Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија.

Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите.

Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија.

Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции?

СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот.

Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели на:

Слични Објави