Започна турнирот Св. Никола
Денес започна турнирот по повод патрониот празник на градот Св. Никола 2022 кој се одржува во ООУ Добре Јованоски, на отварањето на турнирот се обрати градоначалнокот Јовчески: Почитувани играчи и љубители на фудбалот,
ми претставува огромно задоволство што во Прилеп после пауза од 3 години се враќа еден прекрасен спортски настан, традиционалниот турнир во мал фудбал „Св. Никола 2022“. За разлика од традицијата, оваа година турнирот ќе се одржи во спортската сала на училиштето Добре Јованоски, затоа што за жал не добивме согласност за користење на Универзалната сала па моравме да бараме алтернатива, но сигурен сум дека и тука во оваа прекрасна спортска сала, годинешниот турнир ќе помини во најдобар ред.
Не очекуваат 15 дена со многу фудбалски натпревари и затоа ги поканувам сите прилепчани кои што се во можност да проследат дел од натпреварите а со самото купување на влезница ќе учествуваат во хуманитарната акција во која што ќе бидат проследени собраните финансиски средства! Однапред сакам да се заблагодарам на сите кои што се вклучени во организацијата и на сите помагатели и спонзори на турнирот, а на сите учесници и на сите екипи ви посакувам успешни настапи, спортски фер-плеј, да нема никакви спортски повреди и најважно од се нека победат најдобрите.