| |

Недела, акција на пошумување кај Алинци

Сподели на:

Советот на Општина Прилеп согласно заклучок од седницата на совет, на ден 25.12.2022 (недела), по предлог на претседателот на Совет, Дејан Проданоски, организира акција на пошумување во соработка со ЈП „Македонски Шуми“ кај месноста викана Алинци.Грижата за околината во која живееме и работиме треба да биде заеднички приоритет на сите нас. Преку реализација на еден ваков настан кој во иднина веруваме дека ќе стане традиција, ќе дадеме добар пример како за сегашните, така и за идните генерации. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, политички партии, организации и компании, да се приклучат во акцијата. Тргнувањето ќе биде во 10:30 часот пред НУЦК „Марко Цепенков“.

Сподели на:

Слични Објави