Соопштение на ЈКП Водовод и канализација
Соопштение за дефект на водоводната мрежа: Почитувани сограѓани, на ул. Димитрија Чуповски водоснабдувањето е во прекин поради дефект при ископ на кабел за ЕВН. Екипите на ЈКП “Водовод и канализација”Прилеп од 16ч. се на терен, но поради големината на дефектот жителите на оваа улица ги замолуваме на трпение се до санација на истиот. Највероватно прекинот на водоводната линија ќе биде до утринските часови.