Илон Маск нема да ги блокира руските извори на информации и медиумски куќи
Сопственикот на SpaceX, Илон Маск, изјави денеска дека некои влади, но не и украинската, му наредиле на неговиот сателитски широкопојасен сервис Starlink да ги блокира руските извори на информации и медиумски куќи.
„Нема да го направиме тоа освен ако не сме на мета. Извинете што сме апсолутни поддржувачи на слободата на говорот“, напиша Маск на својот Твитер профил.