Гоце Балада е прогласен за најкреативна личност во Македонија во областа на културата, уметноста и маркетингот
ОЧЕКУВАНО И ЗАСЛУЖЕНО: Втора година по ред, прилепчанецот Гоце Балада е прогласен за најкреативна личност во Македонија во областа на културата, уметноста и маркетингот од страна на “Академик”
Како резултат на неговите постојани-неуморни активности во повеќе општини во Македонија, кои што во нашата земја оставаат значајна трага во музиката, уметноста, маркетингот и културата, прилепчанецот Гоце Балада од страна на “АКАДЕМИК” втора година по ред е прогласен за најкреативна личност во Македонија во областа на културата, уметноста и маркетингот од страна на Друштвото за едукација “Академик”. Од страна на “Академик”, на овој креативен прилепчанец минатиот петок втора година по ред, му беше доделено посебно признание со кое по втор пат е прогласен за најкреативна личност во Македонија во областа на културата, уметноста и маркетингот.
Колку за потсетување, Гоце илиески Балада е човекот кој што повторно го враќа културниот и уметничкиот сјај во градовите низ Македонија. Како велат соработниците на Гоце: “и кога беше корона, Гоце не седеше напразно по дома, компонираше и пишуваше музика и текст за голем број пејачи од забавната, народната и детската музичка сцена. Што се донесува пак до маркетингот и органзизација на културни-музички настани како за детската, така и за повозрасната публика, овој прилепчанец има постигнато врвни резултати, бидејќи кога станува збор за организација на настани, Гоце Балада работи ги организира по најсовремени европски протоколи.
Односите со јавноста, или пи-ар, е исто така успешна професија на Гоце Балада, при што како и за сите професионалци, така и за луѓето што работат пи-ар како Гоце Балада, клиентот е на прво место и неговите интереси. Кога се во прашање музички и културни настани, Гоце Балада во улога на пи-ар го претставува настанот во најдобро можно светло, при што секоја манифестација добива оригинален вистниски сјај-онака како што е замислено.
Прилепчанецот Гоце Илиески Балада е личноста која што за само четити години на македонските музички изведувачи им подари над 80-тина песни (музика и текст), бројка која што до сега претставува рекорд на македонската музичка сцена. Станува збор за прилепчанецот Гоце Балада кој што е композитор, текстописец, пејач, изведувач, сценарист, водител, креатор на ТВ емисии, а веќе неколку години заплива и во режисерските води, при што тој е сценарист и режисер на детски театарски претстави, кои благодарение на извонредниот квалитет, претставите се бараат низ цела Македонија. Преку Балада Арт Продукција ги реализира и големиот број на стендап настапи со Тино и Атанас од Златна бубамара, стендап комедиите со Никола Тодороски во повеќе градови низ нашата земја, соработува со дел од српските балкански музички ѕвезди, и што ли уште не!
Моментално е и Уметнички Директор на фестивалот „Весели Ѕвончиња by JANA“ – фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за „МОДЕРЕН ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД“ и фестивал кој што години наназад секоја година премиерно се одржува во Прилеп.
Како што изјави Гоце Балада, моментално освен фестивалот, подготвува и други музички и театарски проекти и фестивали кои што ќе треба да се случат наскоро. На ваков начин, самиот тој придонесува за креирање на еден повисок степен на развој на културата, музиката и уметноста во нашата земја. Иако имаше повеќе понуди овој прилепчанец за да работи на овие проекти надвор од нашата земја и таму да живее, сепак Гоце Балада останува во нашата земја да живее и твори, а со самото тоа да придонесува за што поголем развој на нашата земја, кога станува збор за културата и уметноста.