ЈКП Водовод и канализација Прилеп активно работи на санирање на дефекти
Одделението за Канализација при ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп активно работи на санирање и отстранување на дефекти. Во текот на овој период заменети се капаци на ул. Стеван Апостолоски, капак за шахта на ул. Браќа Ламески. Исто така, активно се санираат ударни дупки колку што дозволуваат временските услови. Санирани се ударни дупки на ул. Војводинска и ул. Стеван Димески – Ништакот.
Исто така ЈКП Водовод и канализација Прилеп ве известува:
Водоснабдувањето на ден 09.03.2022 ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 263л/с, од кои 228л/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 35л/с сопствени извори. Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. Ило Попадинец , ул. Гога Димитриоски, с.Ерековци.