Искосени и уредени Градските гробишта во пресрет на празникот

Сподели на:

Искосени и уредени Градските гробишта, од утре се продолжува во проблематичните делови од Градската река и каналите.И покрај временските неприлики, и високо израснатата трева заради брзата вегетација, комуналните работници ги искосија и уредија Градските гробишта.За престојниот празник Духовден, гробиштата се комлетно искосени со дополнителен неделен и празничен ангажман од вредните комунални работници.Јавното претпријатие се соочи со критики, некои дури и невкусни, со цел негативно да се влијае на угледот на јавното комунално претпријатие, иако вистината секогаш има две страни. Комуналниите работници од утре, иако е празничен неработен ден, продолжуваат со косење во речното корито, поточно во неурбанизираниот дел од речното корито. Да се надеваме дека временските услови ќе послужат, со цел да се искосат и овие проблематични делови за кои се крена толку многу фама, иако во архивата на Комуналец стои дека години наназад овие делови се косат и коселе крајот на мај, почетокот на јуни месец, односно кога завршува второто косење на гробиштата.И еден апел, работата на комуналните работници зависи од многу фактори, пред се фактор време, а за да се изврши услугата се работи во врнежливо време, во екстремно ниски и високи температури. ,,Комуналец’’, не е Фејсбук , ,,Комуналец’’, е организирана фирма која опслужува километри и километри јавно прометни површини, паркови, детски игралишта, градски гробишта, други спортски објекти и излетнички места, и годишно управува со над 30 илјади тони отпад.Или, ,,Комуналец’’, располага со 241.772,00 м2 парковски површини, 64.000,00м2 стадиони, 35.780,00м2 речно корито, 35.044,00м2 речно корито неурбанизиран дел и 13.000м2 излези со тревна површина, други излетнички места и туристички патеки.Градските гробишта на Песјобрдце се со површина за одржување од 151.000,00м2 , 3693,00м2 паркинг простор и 15.000.00м2 патеки.Уште еден податок, до 2021 година во ,, Комуналец’’, биле вработени 420 лица, денешната бројка е 373 вработени, или 47 вработени помалку, а најмногу процентот на намалување на вработените е кај административните вработени. Разликата во вработени е огромна, оперативната работа и хигиената во градот е очигледна.Останатото е дневна политика и Фејсбук грижа.

Сподели на:

Слични Објави