ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа трибина во Прилеп на тема: Современи политики за развој на земјоделството
ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа трибина во Прилеп на тема: Современи политики за развој на земјоделството.
Од говорниците Трипуновски: Идната владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го рестартира земјоделството, поголеми субвенции, 20 милиони годишно за водоснабдување и откупни центри на земјоделските производи.
Ристески истакна дека состојбата со земјоделците е многу лоша.„Со самото доаѓање на СДС на власт се случи едно катастрофално законско решение кое го донесоа и дозволија увоз на ситно лисен ориентален тутун што беше на штета на домашното производство“.
Михаилов: СДС и ДУИ го донесоа ЈП Македонски шуми до колапс, долгот по сите основи е над 8,5 милиони евра.