Мицкоски: Ни треба историска победа кога ДУИ ќе оди во опозиција повторно ќе огрее сонцето во Македонија

Сподели на:

Добра вечер Прилеп, Добра вечер за градот под марковите кули, градот на Цепенков, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Градот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, Место каде работливиот народ создава вредности, градот кој и во најтешките времиња умее да се смее, да го задржи духот, да се избори со предизвиците. Прилеп ја сака слободата, и тоа се докажува низ сите борби, низ сите премрежја во историјата кога без двоумење се влегувало во борба за кауза, во борба за независност. Така Прилеп прв го крена гласот за слобода против бугарскиот окупатор во Втората светска војна кој сега од власта да ни го продадат како администратор и реформатор. Прилеп со крв и пушка ја создавал слободата и заедно со многу други Македонци ги положувале своите животи пред олтарот на слободата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.-Тој наш олтар како ретко каде на друго место е составен од човечки страдања, крв, борба и идеали. Оваа слобода денес не дојде сама по себе, туку беше скапо платена од генерации луѓе кои се посветија на каузата.

Пред секој удар од страна, при секој налет за нови откажувања и порази кои ни се приредуваат ќе бидеме истрајни онолку колку е издржлива и најслабата алка. А ние ваквите историски предизвици можеме да ги надминеме со обединување и единство. И затоа упатувам апел за национално единство кое и е потребно на државата. Ова го велам поради тоа што Македонците постојано губат 32 години, и таквото поразително чувство веќе преминува во фрустрација. И таа фрустрација е последица на корумпираните политички елити, кои за да имаат успешни кариери го распродаваат народот. За 32 години сменивме име, знаме, устав. Прифативме договор со Бугарија, нови откажувања, се проблематизираат најсилните темели на државата, јазикот, историјата сите важни атрубути кои не издвојуваат како народ. Сето тоа создава чувство на неправда кое преминува во фрустрација затоа што и ништо како народ не добивме. Затоа велам дека нема друга држава која дала поголема жртва од Македонија на патот кон ЕУ и време е да се обединиме околу најважната работа, а тоа е како да опстоиме како држава и како да почнеме да победуваме така што ќе ги оствариме стратешките интереси важни за нашите граѓани.

Јас, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.Исти ли сме, не сме исто многу сме различни. Овие се НЕ за Македонија ние заедно со народот сме ДА за Македонија. Затоа ни треба мобилизација и затоа ни треба историска победа кога ДУИ ќе оди во опозиција повторно ќе огрее сонцето во Македонија, ќе се ослободи Македонија од прангите на заложништвото во кое денеска се наоѓа, а потоа да не заборавиме одговорност.Второ, ќе шетаат разно разни политичари ќе се претставуваат како месија ќе кажуваат дека црното е бело ќе ве прашуваат што сакате вие црно или бело. Црно, црно е. Ќе ве прашуваат дали лета магарето лета ама ниско само тоа што сакате да слушнете тие се платениот патриоти и лажни популисти кои имаат една цел да го поделат македонското гласачко ткиво, да го поделат антивладините гласови и да одработат најдиректно за коалицијата ДУИ и СДСМ најдиректно да одработат за али Ахмети. Затоа мојата молба овде до вас е да не верувате на тие луѓе кои подароци ви даваат тоа се данајски подароци после тоа ќе биде доцна да не дозволиме да не поделат, да се обединиме околу столбот, да се обединиме околу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. Само така можеме да ги заштитиме националните интереси, само така можеме да си ја заштитиме нашата татковина Македонија. Се друго ќе биде жалење за пропуштената шанса.Затоа драги браќа и сестри ве повикувам и ве замолувам да не им веруваме на тие платени патриоти и лажни популисти, кои после изборите заедно со ДУИ и СДС ќе ги бројат платените жолтици позади завесата. И ќе велат успеавме.Затоа заедно да се обединиме и да не дозволиме да успеат. Да ги поразиме и после победата, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да има одговорност за истите, одговорност за криминалот, за сите национални понижувања изминатите 6 години. Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го нуди пред народот во Македонија.Обединети, браќа и сестри, сложни да излеземе и го кренеме нашиот глас за промени, иднина и подобра Македонија.Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата!, се првите зборови на нашата химна, но и зборовите на голема надеж, голем сон и иднина каква сакавме да имаме и епизодата по која копнеевме, а сè помалку гледаме дека ја добиваме овие 32 години од независното постоење на Македонија.Денес од таа Македонија за која сонувавме сме подалеку од тогаш кога ја создававме. Се изгуби таа енергија, се загуби тој копнеж. Луѓето се отуѓија, им се одзема правото на колективното сонување, правото на заедничка среќа.Кога една нација нема сон, знајте дека веќе е одземено правото да се борите за иднината во која сте верувале. И таа нација не е среќна, туку длабоко разочарана, апатична, со чувство дека е отфрлена од синовите и ќерките кои требало да донесат надеж и среќа, а донеле беда, разочарувања и кражба на колективната радост. Затоа е и разочарувањето кон политичарите, и затоа е чувството дека сите се исти, па колку и да сме различни.Не се само предавствата со договорите кои се болното наследство и дивото месо кое ја гуши нашата нација или идеолошкото декомпонирање на нашите традиции и темели каде сè што е поврзано со македонското постоење, морал и семејство, сето ова е отфрлено како ретроградно, туку и хавариите во сите други области кои ја фрлаат на колена нашата нација.И кога ќе ви речат воздржете се, и вкусете уште една голема кнедла, уште едно големо само порекнување, останете неми на уште едно големо предавство на своето постоење, треба да знаете две работи: дека тоа не е последното што го подготвуваат и дека среќата и сонот што ги ветуваат нема никогаш, ама баш никогаш да дојдат со овие луѓе.Драги браќа и сестри, сосем на крај.Ова е Македонија.Македонија за сите!Ова е Македонија на надеж, сон, копнеж и иднина.Ова е Македонија на заеднички патриотизам.Заедничка радост и среќа. Македонија на работниците, на невработените кои мора да се вработат, на докторите, професорите и сите останати. Македонија на умните и мудрите.Македонија на народот кој е посилен од секоја елита, клика и група која нè влечела надолу.Од сите вас зависи каква ќе ни биде иднината. Овој пат треба да се приклучите, овој пат е важно да учествувате за заедно да ги менуваме работите. Со истата енергија каква овој народ и земја ги имале при сите свои големи победи, при сите свои илиндени, славни епопеи и победи.Шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени на страна овие 30 години.Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит.Нашата борба е вредности, идеал и кауза.Нашата борба е да ја обновиме Македонија.Промените да победат, за заедничкаОва е незапирливата сила на народот.Ова е Македонија! Македонија за сите!ДО ЗАЕДНИЧКА ПОБЕДАДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈАВечен Прилеп и прилепчани!, додава Мицкоски.

Сподели на:

Слични Објави