| | |

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски на средба со РК Вардар по големата победа

Сподели на:

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски вечерва после големата победа на РК Вардар, оствари средба со ракометарите и им изрази голема поддршка и дека Општина Аеродром и понатаму им стои на распола на ракометарите и им вети дека ќе продолжи да дава поддршка за ракометниот клуб Вардар.

Градоначалникот изјави : Поддршка за РК Вардар – гордоста на македонскиот спорт. Вечерва по големата победа на РК Вардар имав кратка средба со играчите на овој клуб. Многу позитивна енергија, ентузијазам и желба за нови европски титули од овие играчи. Како Општина Аеродром целосно им стоиме на располагање на играчите и Општината во иднина ќе продолжи засилено да дава поддршка за македонскиот шампион. Спортот го обединува народот, спортот ги прави среќен Македонците.Да продолжиме да даваме поддршка за Вардар и да одиме на европска титула!

Во прилог ви ја прикажуваме и објавата на социјалните мрежи:

Сподели на:

Слични Објави