Воз заглавен кај Велес, патниците оставени на милост и немилост

Сподели на:

Патничкиот воз кој сообраќа од Скопје до Битола, повеќе од еден час е заглавен на железничката станица Рајко Жинзифов пред Велес.Според информациите до кои дојде КУРИР, возот бил полн со патници, а на нив им било соопштено дека пругата е расипана и дека возот нема да сообраќа. На патниците оставени на милост и немилост, им било посочено со куферите да одат пешки неколку километри кон Велес, иако пределот не е поволен. Пред повеќе од еден месец на истата железничка станица се случи несреќа, кога на отворената пруга се запали електрична локомотива.Тогаш се правеше увид и проценки за оштетеност на пругата, а локомотивата беше целосно изгорена.

Сподели на:

Слични Објави