Советник во општина приведен за тешки кражби

Сподели на:

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија објави дека спровеле акција во која расчистиле 6 тешки кражби и приведиле 4 лица. Нешто подоцна и Општинскиот комитет на Могила објави дека се работи за советникот Борче Бучински.

Шарениот советник Борче Бучински (50) приведен поради тешки кражби. Го повикуваме Бучински од морални причини да си поднесе оставка од член на Советот на Општина Могила. Да и објасни на јавноста за што точно се работи, недозволиво е луѓе кои имаат проблем со законот да одлучуваат за иднината на жителите во општина Могила. Реализирање на своите лични интереси, поигрување со жителите со манупулации и ширење на невистини и клевети и разни уцени излегоа на виделина. Го прашувамеда да одговори на колку наврати е повикуван на распит за прекршување на законот по повеќе основи во својот мандат на советник. Сите негови заложби дека работи во интерес на граѓаните биле всушност да ги прикрие неговите дела, да не одговара пред законот за присвојување на работи кои не се во негова сопственост. Недозволиво е криминалци да ги застапуваат граѓаните.

Сподели на:

Слични Објави