Мицкоски на мини митинг во Прилеп

Сподели на:

Денешната посета на Прилеп од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Д-р Христијан Мицкоски и потпредседателот Александар Николоски беше од голема продуктивност за здравството и образованието, на двете трибини со вработени во здравството и образованието од страна на истите беа образложени доста проблеми кои се наталожиле сите овие години, но беа изнесени и доста решенија на истите. Заеднички се донесе заклучок дека здравството и образованието се руинирани од страна на власта и дека избори и смена на власта е побитна од било кога. Важно е да имаме квалитетно здравство и образование – истакна Мицкоски. На крајот на денот, а во рамките на акцијата “ВАЖНО Е! ОД ТЕБЕ ЗАВИСАТ ПРОМЕНИТЕ!,, се одржа и мини митинг каде имаше средба со жителите на неколку околни населби во Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави