Нов парк од 5000м2 во Прилеп
Денес Градоначалникот со Претседателот на совет на Општина Прилеп извршија увид на новиот парк на површина од 5000м2 во Прилеп кој започна со реализација! Барањето на жителите од станбената населба на ул. „Васко Карангелески ’’ пред мостот кај касарната ,, Мирче Ацев’’ за партерно и хортикултурно уредување на просторот го реализираме! Заедно со ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, согласно важечкиот Детален урбанистички план, започнуваме со оплеменување на овој запоставен простор, во кој што ќе има зелени површини, бекатон патеки, поставување на соодветна урбана опрема, листопадни и зимзелени дрва, ивично обележување во должина од 500 метри и уредување на паркинг просторот за жителите. Посебно внимание ќе посветиме и на определување еколошки острови и поставување на комунална инфраструктура за одлагање на отпад и исфрлање на отпадоци. За потребите на овој парк е ископан и бунар за технолошка вода кој е предуслов за изградба на парковски површини и летно одржување. Продолжуваме со раззеленување на општина Прилеп со нови парковски површини и уредување на катчиња во кои што нашите сограѓани ќе можат да го поминуваат своето слободно време. Изјавија од Општина Прилеп.