Боки 13: Пендаровски победи со сомнителни избори, имам материјален доказ како помагаше Зоран Заев
Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во подкастот „Лазаров“ кажа дека во 2019 година, изборите биле сомнителни и со нефер кампања.Посочи дека Зоран Милески-Кичеец организирал група луѓе од Охрид, во договор со Зоран Заев за гласање.
За ова, Бојан посочи дека има материјален доказ.-Пендаровски на минатите избори победи со сомнителни избори и едвај во 2019 година, сум бил сведок. Имало лобирање гласање и нефер кампања. Ако Кичеец ти организира да гласаат одредена група на луѓе, како што Зоран Заев и Кичеец договараа за претседателските избори во 2019 година, за што имам материјален доказ – што ти говори тоа? Тоа се, ама не се фер избори. На мускули победи Пендаровски, рече Јовановски-Боки 13.