Таравари: Среќен сум што ќе соработувам со Мицкоски во Владата! – ВМРО ДПМНЕ и „Вреди“ имаат фантастична заедничка програма!

Сподели на:

„Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата ‘Вреди’ кажа дека е ‘среќен’ што ќе соработува во идната Влада на * Македонија со македонскиот националистички лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по парламентарните избори од 8 мај. Таравари нагласува дека имаат ‘фантастична програма’ со оваа партија.“ – објави информативниот портал „Албанијан пост“ како ударна нагласка од интервјуто, кое го направи со Арбен Таравари и кое го објави под наслов „Среќен сум што ќе соработувам со еден професор како Мицкоски – имаме фантастична програма со ВМРО ДПМНЕ“.

„Албанијан пост“ (АП) пишува: Овој лекар, кој стана политичар, откако беше прашан конкретно дали ги имаат и натаму уставните измени како услов – неопходен за интегрирање на * Македонија во ЕУ – за да се влезе во Владата на Мицкоски, одговори дека тоа не беше директно, ако тие опстојуваат на оваа заложба, која ја искажаа како коалиција пред првиот круг на претседателските избори.

Што се однесува до прекумерниот националистички говор во последно време на ВМРО ДПМНЕ, конкретно на нејзиниот лидер Мицкоски, како и во врска со предлогот на претседателскиот кандидат од оваа партија Гордана Силјановска Давкова за создавање Меѓународен трибунал за војната од 2001 година – меѓу до македонските воено-полициските сили и УЧК – градоначалникот на Гостивар истакна дека гледа на тоа како на нешто што се случува во изборен контекст. „Јас го видов како изборен момент.“ – кратко рече Таравари.

АП: Изјавивте дека ќе поднесете оставка, ако ги изгубите изборите, дури и да изгубите само со еден глас помалку. Зошто не поднесовте оставка досега?Арбен Таравари: Затоа што се уште не сум изгубил. Јас сум победник на албанскиот глас.

АП: Зошто велите дека сте веќе во владата кога се уште не се знае победникот на парламентарните избори, кога изгубивте на претседателските избори?Арбен Таравари: Затоа што владите во Македонија, поради етничката специфичност на оваа држава, главно се формираат врз основа на коалиции. Бев победник во албанскиот табор, а владата со двете најголеми етнички партии во земјата ми изгледа многу органска.

Арбен Таравари: За ВМРО ДПМНЕ и „Вреди“ има една фантастична програма, која е пред нас и која не очекува. Секако дека има заеднички цели и уверен сум дека ќе ги постигнеме. Среќен сум што ќе соработувам со еден универзитетски професор како што е Мицковски, кој како и сите ние го сака најдоброто за оваа земја.

Сподели на:

Слични Објави