Лекари од Прилеп загинаа во тешка сообраќајна несреќа (фото и видео)

Сподели на:

Teшка сообраќајна несреќа утрово околу 7:40 часот се случи на патот Прилеп-Битола, кај Лагово, кога се судриле камион и патничко возило Тојота. При претекнување на пмв Тојота на друго пмв се судрил со камионот кој идел од спротивната насока. Од сударот настанал пожар на двете возила, при што неофицијалните информации говорат дека загинати се три лица кои се превезувале во ПМВ Тојота. Првичните информации се дека се работи за здравствени работници кои патувале од Прилеп за Битола.

(видео кое се појави на социјалните мрежи)

Сподели на:

Слични Објави