Поголеми пензии од Октомври најави Премиерот

Сподели на:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. По посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, тој најави дека следното покачување ќе следи напролет.

Од 1 октомври започнува првичната корекција на пензиите преку линеарно зголемување, а нова корекција ќе има напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и вкупното линеарно зголемување ќе изнесува 7.000 денари по пензионер, што е над предвидените 5.000 денари кои ги најавувавме за време на кампањата“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. Во посетата на Клиниката, премиерот беше придружуван од министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Сподели на:

Слични Објави