Свежо цвеќе пред споменикот на Ченто
Денес претставници на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Градоначалникот, Претседателот на совет, пратеници положија цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Прилеп.
Ченто како прв претседател на Президиумот на АСНОМ, со својот живот и дело, го трасира патот по кој треба да чекорат идните генерации, водени од идејата за самостојна, независна и суверена Република Македонија.