ЈКП Водовод и канализација со известување до прилепчани

Сподели на:

Известување до граѓаните на Општина Прилеп
Почитувани граѓани на Општина Прилеп во изминативе неколку денови потрошувачката на питка вода во градот е енормно зголемена , екипите на ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп ја следат состојбата на водоснабдувањето во градот и во овој момент имаме максимален доток на вода, но поради екстремната потрошувачка од страна на граѓаните, во високиот дел на ниската зона во градот имаме намален притисок .
ЈКП„ Водовод и канализација“ Прилеп упатува апел до граѓаните на Општина Прилеп:
Нашите резерви на питка вода се доволни за да ги задоволат Вашите вообичаени потреби.
Сепак, имајќи ги во предвид жешките денови, Ве молиме да помогнете да се избегне несовесната потрошувачка на вода, како наводнување на зелени површини , миење на улиците и дворовите со питка вода.
Директорот на ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп Игор Гулабоски упатува повик до сите граѓани на Општина Прилеп што имаат проблем со водоснабдувањето веднаш да се обратат до ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп.

Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка.

Сподели на:

Слични Објави