ПОБЕДА УТРЕ ГО ПРЕЧЕКУВА КОЖУФ ОД ГЕВГЕЛИЈА
Фудбалскиот клуб „Победа“ утре во 15:00 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ го пречекува тимот на Кожуф од Гевгелија.
Екипата на Победа во моментов се наоѓа на втората позиција на Втората македонска фудбалска лига во источниот регион и е еден од најсериозните конкуренти за првата позиција, односно враќање во елитата каде што и впрочем и е местото.
Врвот во моментов го завзема екипата на Слога од Виница која во ова коло ќе биде домаќин на Кит Го, додека во трката за Прва лига учествуваат и Беласица (3. Место) и Каменица Саса (4. Место).
Победа во наредниот период ги игра одлучувачките натпревари за искачување на тронот на ВМФЛ-Исток и директен пласман во ПМФЛ. Затоа утре во 15:00 часот да дадеме силна поддршка за што подобар резултат и враќање на прилепската гордост Победа на старите победнички патеки!