„48 часа по катастрофалните поплави во Делчево, нема ни трага ни глас од владата на терен“
48 часа по катастрофалните поплави во Делчево, нема ни трага ни глас од владата, помош дадоа само градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.Владата остана нем посматрач на катастрофалните поплави во Делчево и ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците од истите.
Единствен кој излезе во пресрет на делчевчани, се околните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои веднаш помогнаа со противпожарни возила и екипи од ТППЕ, и друг вид на опрема, а веднаш потоа единствени кои изгласаа и ветија парична помош се исто така градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ширум државата. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи и дека подеднакво и е значаен секој дел од државата, без разлика дали локалната власт е од ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга партија. Таквиот пристап ќе продолжи и од страна на владата што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ. Народот ќе има партнер во ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на партијата.