Американците и се заканија на Кина дека ќе биде изолирана доколку и помага на Русија
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан и се закани на Кина дека ќе биде изолирана доколку и даде поддршка на Русија во агресијата против Украина.
Саливан му рече на кинескиот дипломат Јанг Џичи дека Пекинг може да се соочи со економски казни и глобална изолација доколку и помогне на Русија.
На состанокот во Рим, американските претставници ги информирале сојузниците на НАТО и на некои азиски земји дека Кина дала сигнал дека е подготвена да и помогне на Русија воено и економски во војната, тврдат американски дипломати.