Андоновски: По изборите владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор

Сподели на:

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски преку статус на Фејсбук пишува дека по изборите реформската Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор која ќе резултира со среќни и успешни вработени, ефикасна јавна администрација и квалитетни услуги за граѓаните.

„Реформата на јавната администрација во Македонија е критериум за пристапување кон Европската Унија и не смее да биде личен хир на ниту една Влада и на ниту еден Министер. Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста.

Законот и според СИГМА извештаите има недостаток во клучни работи, како што е Системот за наградување на перформанси (Performance appraisal system), кој наместо да го развијат го симплифицираат и субјективизираат. По изборите реформската Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор која ќе резултира со среќни и успешни вработени, ефикасна јавна администрација и квалитетни услуги за граѓаните. Средба со претставници на синдикатите во Собранието на Република Македонија.

Никола Мицевски Дафина Стојаноска Бојан Стојаноски“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Сподели на:

Слични Објави