Битката во албанскиот политички блок започна: Арбен Таравари со порака до Али Ахмети
Во статус на социјалната мрежа Фејсбук, претседателот на Алијансата за Албанците и истовремено кандидат за претседател на опозициската коалиција „ВРЕДИ“, јавно го предизвика г-дин Али Ахмети да го прифати предизвикот за претседателската трка, соопштија од Алијансата за Албанците.
„Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека Али Ахмети ќе се кандидира, некогаш се повлекува … Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува со мене и да вие изберете кој најдобро ве зсстапува!“ – пишува Таравари на социјалната мрежа Фејсбук. Oд објавувањето на неговата кандидатура за претседател, некои медиуми блиски до ДУИ еднаш го спомнуваа Бујар Османи, а потоа се повлекоа, по што истите медиуми најавија дека во трката за претседател ќе влезе и г. Али Ахмети. Арбен Таравари досега неколку пати го предизвикуваше Али Ахмети да влезе во трката, но неговата покана остана неодговорена, истакнуваат од АА.