Го знаеме како политичар, но ретко кој знае за приватниот живот на Христијан Мицкоски

Сподели на:

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ зборуваше за каков е тој во приватниот живот, каде и што спортувал, каде растел односно за повеќе сегменти од неговиот приватен живот.

-Местото Карпош 3, Никола Карев, библиотеката Другарче, градинката Орце Николов, основното училиште Лазо Трповски, ова е практично најубавиот дел во мојот живот кога ги поминувам оние години на детство и рана младост каде со луѓето од овие згради наоколу, на овие улици овде ги поминувавме сите минути, сите часови, сите денови, сите месеци заедно и тоа беа навистина незаборавни моменти, потенцираше тој.

Мицкоски во текот на своето гостување кажа дека како дете заедно со своите другари играле серва и дека го сака спортот, a тоа може да се увиде преку неговото присуство на голем број спортски натпревари.

-Токму на оваа улица, се собиравме цело друштво деца цртавме линии, игравме серва.Бевме генерација што го сакаше спортот и голем дел од групите во тогашната југословенска втора, а подоцна и прва лига кои тргаа на западната трибина на градскиот стадион доаѓа токму оттука, на едно друго место, недалеку оттука. Го сакавме фудбалот, спортот нели Вардар беше југословенски наш македонски бренд. Јас го сакам Вардар. Денес честопати можете да ме најдете и во Битола на трибините како го следам ракометниот клуб Пелистер, може да ме забележите и во другите градови како следам спортски натпревари, навивам за секој македонски клуб и македонски спортист кој реди спортски успеси, кажа тој.

-Се сеќавам на еден другар му донесоа опрема за беизбол од САД и игравме сите другари. Сум тренирал и пинг понк во оваа спортка сала на основното училиште Лазо Трповски при пионерскиот клуб Вардар, како и карате. Така да многу работи во детството се пробаа, рече Мицкоски.

Во врска со музиката Мицкоски кажа дека негови омилени групи кои ги слушал биле Лед Зепелин и Дип Парпл. Во текот на своето гостување се осврна и на семејството кое е неговата најголема поддршка.

Сподели на:

Слични Објави