Голем пожар во Мариово, кризниот штаб заседаваше

Сподели на:

Ги известуваме граѓаните на општина Прилеп дека во моментов се одржува кризен штаб предводен од началникот на истиот поради големиот пожар кој во моментов е активен во областа Мариво. Поради сериозноста на ситуацијата на кризниот штаб присуствуваше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во зависност од климатските услови има можност да бидат загрозени селата во близина, но сепак истите се обезбедувани од професионални пожарникари на ТППЕ Прилеп и од околните населени места.Од неделата тимови на ТППЕ Прилеп се на терен во таа област, а вчера и денес поради големиот чад гаснењето со воздушна поддршка беше отежнато. Исто така ангажирани се и сите материјално-технички средства на Јавните претпријатија од Општина Прилеп.Во координација со соседните општини и нивните противпожарни единици обезбедена е поддршка од Битола, Кавадарци, Новаци, Могила и Ресен.Во текот на утрешниот ден повторно ќе се активира воздушна поддршка од АРМ и ДЗС, ќе има и поддршка од 120 лица од кои 70 од АРМ, 20 од специјалните единици на МВР и 30 од Национални шуми.Кризниот штаб ќе заседава и ќе биде во координација со единиците на терен сѐ додека пожарот не биде локализиран. Изјавија од Општина Прилеп

Сподели на:

Слични Објави