Градоначалникот на Ресен одржа состанок со тимот кој работи на реализација на проектот Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – Преспа
Во текот на денешниот ден се одржа работен состанок со тимот кој работи на реализација на проектот ,,Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” и Градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски. Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од програмата за прекугранична соработка Република Македонија и Република Албанија (ИПА 2) 2018 -2020. Всушност во реализацијата на проектот се вклучени Општина Ресен и Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп од македонска страна и Општина Девол и ДМО – Корча од албанска страна.Целта на овој проект е да придонесе кон спречување на негативните ефекти на антропогените процеси врз животната средина, зголеменото одржливо користење на природните ресурси и подобра заштита на животната средина во сливот на Преспанското Езеро. Овој проект вклучува изградба на пречистителна станица во населено место Долно Перово.- Изградба на канализациона мрежа во населеното место Долно Перово- Размена на искуства со институции од Албанија- Подготовка на Акционен план за менаџирање на on-line системи и отпадни води – Зголемување на капацитетите на вработените од јавните институции- Вклучување на најмладите преку едукација за заштита на животната средина и серија на други активности.Целта не денешниот состанок беше размена на искуства во однос на координирањето и соработката со мерната станица во населеното место Стење, воспоставување на соработка со пречистителната станица во Езерани, соработка со јавното комунално претпријатие во Ресен и со општинската администрација од Ресен.
Во прилог ви ја прикажуваме објавата на Градоначалникот Јован Тозиевски: