Инспекторка фатена на дело како прима мито
Денеска (18.03.2022) во 09.30 часот во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик. Имено инспекторката била фстена на дело како прима мито во вредност од 64.000 денари во еден угостителски објект во Прилеп.