Инсталирани се фотоволтаици во Старскиот дом Прилеп
Успешна имплементација на уште еден енергетски ефикасен проект, кој е одговор на специфичните потреби на Општина Прилеп. Во рамките на проектот “Зајакнување на институционалните капацитети во Пелагонискиот регион за подобрување на социјалните услуги и заштита на животната средина” во Старскиот дом во Прилеп инсталирани се фотоволтаици кои овозможуваат заштеда од 30% од вкупната потрошувачка на електричната енергија на оваа институција. Проектот има големо значење во контекст на енергетската криза, бидејќи ќе придонесе за намалување на трошоците за електрична енергија и ќе придонесе во заштитата на животната средина а исто така, ќе промовира успешно искористување на обновливите извори на енергија. Остварената заштеда ќе биде реинвестирана во подобрување на условите за престој на штитениците во Домот за стари лица кои доаѓаат од сите општини од Пелагонискиот регион. Проектот е дел од низата успешно имплементирани проекти за регионален развој кои ги следат приоритетите на регионот и е финансиски поддржан во рамките Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој, со кофинансирање од страна на Општина Прилеп.