Изградба на „Инклузивно детско игралиште“ во Прилеп

Сподели на:

Во рамките на четврта форумска сесија од програмата за развој на УНДП каде меѓу присутните беа и градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на совет Дејан Проданоски каде беше избран проект за изградба на детско игралиште.

Изградба на „Инклузивно детско игралиште“, (на локација на Могилата на непобедените), проект кој што дефинитивно ќе придонесе за збогатување на парковските и детските содржини во нашата општина и ќе им овозможи на сите млади да уживаат во играта и забавата на отворено. Денес на четвртата форумска сесија беше изгласан еден од предложените проекти. Огромна благодарност до советниците, претседателот на Совет на Општина Прилеп, координативниот тим од Општина Прилеп и на сите што дадовте свој придонес во форумските сесии и што зедовте активно учество. Навистина слушнавме одлични идеи. На групата која го избра приоритетниот проект за општина Прилеп им честитам за идејата. На останатите работни групи и предлагачи на идеи, им честитам за предлозите и се надевам дека заедно ќе издејствуваме и тие проекти да се реализираат преку други фондови, бидејќи идеите се навистина одлични (Обезбедување на лифтови/дигалки за лица со ограничено движење во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ и СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп и Уредување на двор и воведување на спортски реквизити и содржини во градинки). Му благодарам на донаторот за изборот на нашата општина во овој проект „Зајакнување на општинските Совети-фаза 2“. Програмата Форуми во заедницата се покажа како одлична алатка за демократски одлуки и соработка со граѓаните, како и носење на квалитетни одлуки за потребите на заедницата. Граѓаните на Прилеп, навистина знаат што им треба! Честитки уште еднаш. За реализација на овој проект вкупниот буџет изнесува околу 60.000 долари, од кои што Општина Прилеп ќе учествува со кофинансирање од 20%.

Сакам да изразам голема благодарност во името на Општина Прилеп за поддршката на Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и партнерските општини. Се надевам дека и во иднина беспрекорно ќе соработуваме! Изјави градоначалникот на Општина Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави