Измамил 11 лица: Се претставувал лажно, а еве како присвоил огромна сума пари
Пријавениот, во период 13.01.2022 до 30.10.2022, измамите ги вршел преку мобилен телефон, при што од оштетените противправно присвоил пари во висина од 529.650 денари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои осум кривични дела „измама“ и три „измама во обид“.
Пријавениот довел во заблуда и измамил 11 физички лица, така што лажно се претставувал и нудел разни услуги при купопродажба на возила, купување градежни материјали, прехранбени производи, превоз на стока, превод на документација и слично.