Кочо Анѓушев на црната листа на САД
Американскиот Стејт Департмент денеска го прогласи поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за непожелна личност во САД поради, како што се вели во соопштението, негово учество во значителна корупција. Од Стејт Департментот велат дека како вицепремиер Анѓушев ја злоупотребил својата позиција за корист на своите приватни бизнис интереси, поткопувајќи ја довербата на македонската јавност во владините институции.
САД го стави на црна листа поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев
На црната листа на САД, поради корупција, од претходно се Сергеј Самсоненко, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сашо Мијалков, Никола Груевски и Рамиз Мерко.