Кој е Љупчо Палевски? Поранешен претседател на градска организација на СДСМ
Љупчо Палевски- Палчо е поранешен градежен могул, поранешен претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, сопственик на неделникот Старт, автор на подкастот Тешки Муабети на Инфомакс и основач на партијата Десна… Кој е всушност Љупчо Палевски- Палчо?Познатиот скопјанец Љупчо Палевски кој е осомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес е поранешен градежен претприемач во времето на СДСМ, а сега политички активист.
На први декември, истиот ден кога избегал од земјава, осомничениот за убиствата на Вања и Панчо објавувал содржини на својот Фејсбуки профил.Додека целата јавност трагаше по исчезнатото девојче, осомничениот Љупчо Палевски, секојдневно објавувал статуси.Последната објава му е во петокот на први декември во 13:51.Во петокот, кога завршуваше Самитот на ОБСЕ во Скопје, тој има шест објави на Фејсбук поврзани со политика. На 29 ноември, два дена по исчезнувањето и убиството на девојчето, тој има видеообраќање до своите следбеници, повторно поврзано со политика, како и уште неколку политички објави.
Бизнисменот Палчо, во септември истата година беше приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва, а по осум месеци, повторно беше пуштен на слобода, по што се вратил во Македонија.
Љупчо Палевски- Палчо во јуни 2020 година бил уапсен поради непочитување на мерката за самоизолација. Палевски тогаш се вратил од странство, но наместо да седи во својот дом, полицијата го пронашла во кафуле во центарот на Скопје, па го привела во ПС Центар.
Тој беше уапсен по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја.
Палчо беше осомничен и во една од предистрагите на СЈО „Никола Тесла”, поради што во неговиот дом беше направен претрес.
Палевски исто така во мај годинава бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица.Според информациите до кои тогаш дојде Вечер.мк, Палевски бил фатен заедно со уште три други лица како бараат злато, а се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.Случајот е наведен и во билтенот на МВР.На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола, стои во билтенот на МВР.
Јавноста со право бруи и прашува зошто МВР го пушти Палчо да избега и дали беше презафатена со Самитот на ОБСЕ, наместо да реагира навремено за да биде спречено бегството од Македонија?