Лице измамено за повеќе од 4000 евра
На 16.08.2024 во СВР Велес, 47-годишен маж од велешко пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 251.110 денари.Според пријавеното, на 29.07.2024 преку мобилна апликација лицето се договорило со него за набавка на бела техника. Како што е пријавено, договорената стока била испратена во Скопје и била преземена од друго лице, но парите не му биле исплатени во договорениот рок, а после една недела лицето веќе не било достапно, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.