LIDL отвара супермаркети во Македонија
Лидл влегува на македонскиот пазар, првично биле заинтересирани за маркет во Општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со претставниците на “Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија. Заинтересирани за достапни локации каде би можеле да се отворат маркети и регионален дистрибутивен центар, потенцијалните инвеститори, од градоначалникот ги добија побараните информации околу можностите и потенцијалите на општина Кисела Вода.
-Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на “Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавија интерес за инвестирање во општина Кисела Вода. Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регонален дистрибутивен центар на германскиот гигант кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија. На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите кои општина Кисела Вода ги нуди, како средина која има добра местоположба и развој кој одговара на потребите на оваа компанија. Задоволен сум што потенцијалните инвеститори ја препознале новата енергија со која функционира оваа локална самоуправа и ги согледале актуелните перспективи, инвестициските можности и новите проекти кои ги спроведуваме во различни области со цел унапредување на општината.