Македонскиот јазик е континуитет и заедничка борба тема на трибината во Велес

Сподели на:

Голема благодарност на сите што сте денес тука во Велес, да се слушнеме, да поразговараме на теми кои што се наметнаа изминатиов период и кои што посегнаа по нашата посебност, по нашиот јазик, по нашата култура, историја. И кои што за жал не се првпат отворени, меѓутоа со склучувањето на договорот со Бугарија како да се отвори една Пандорина кутија, која што почна да отвора проблем по проблем, и секогаш одеше на штета на нас како македонски народ и македонска држава“, истакна Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Македонскиот јазик е континуитет и заедничка борба“, организирана од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.Денешна трибина е по повод настан кој што се случува пред 81 година, поточно на 14-ти март 1942 година кога Велешките гимназијалци се побунуваат не сакаат да учат на бугарски јазик, сакаат да учат на свој мајчин македонски јазик.

Сајкоски додаде дека Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ со организирање на овие трибини ќе допре до македонските граѓани. Македонија има своја посебност како држава.

„Чудно е што во овој момент ни се случуваат такви настани и зошто бугарската држава со сегашната администрација врши негирање на македонскиот јазик, македонската посебност, македонската култура. А, знаеме ние дека денес навршуваме 130 години од формирањето на македонската револуционерна организација, ако знаеме дека денес ние имаме 120 години од Илинденското востание. И формирањето на македонската револуционерна организација, и Илинденското востание, ја докажува нашата посебност и нашата борба за автономија за посебна држава во која што ќе живее македонскиот народ“, нагласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека на Берлински Конгрес 1878 година се разговарало за македонското прашање.

Сајкоски рече дека бугарската држава треба да ги осуди политиките на нивната администрација која што ги водела од 1941 – 1945 година.

„Но, за жал Бугарија сака нас да не нападне и бугарската администрација сегашна само не напаѓа нас, меѓутоа тоа е затоа што сегашната Влада потпиша еден договор, при што не водеше сметка за нашата посебност, нашата историја, за нашето постоење. Потпиша договор кој што сега ни прави од чекор во чекор проблеми и ние се соочуваме секојдневно со некој проблем, некое негирање што е резултат на тој договор кој што го потпишаа“, нагласи Сајкоски.

Сподели на:

Слични Објави