Мицкоски: Арсовска разочара зошто не остварува резултати
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ рече дека до месец мај,јуни кога имале комуникација со градоначалничката Арсовска проектите биле во прогрес или требало да почнат. Тој исто така посочи дека Арсовска не остварува резултати, но дека проектите „За модерно Скопје“ кои ги ветил пред граѓаните ќе ги исполни.
-Ние се обединивме околу концепт, не се обединивме околу функција и никој од нас не е обединет околу функција. Јас можам сега таксативно да ви ги набројам сите проекти кои што таму некаде до кај месец мај/јуни, додека имавме некаква комуникција со госпоѓата Арсовска, беа во прогрес некако или требаше да почнат. Можам сите да ви ги набројма и да видиме од тоа што е реализирано, што не е да го анализираме сега. Затоа велам дека не сме тука за полититканство, нема да навредуваме, нема да кочиме, само единтсвеното е што го бараме е бидејќи заедно одевме и тропавме на вратите на скопјани, јас говорев на митинзи за проектот „За модерно Скопје“ тоа што сме го ветиле да го исполниме. Затоа велам еве излеговме надвор од политичката матрица, поддржавме кандидат кој во тоа време не зборуваше така за мене, зборуваше поинаку, но во ред еве можеби еве госпоѓата сега го променила ставот за мене, претпоставувавм си има причини зошто и тука нема лутење, рече Мицкоски.
Мицкоски во текот на своето гостувања укажа дека членството на ВМРО-ДПМНЕ се жестоки борци за своите луѓе но и жестоки критичари ако некој ги изневери нивните очекувања.
-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во која членството не се обединува поради функции и привилегии. Членството и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се обединуваат поради идеја, веруваат во таа идеја и работат за таа идеја. Тие се толку мудри луѓе и знаат да препознаат искреност, чесност, работливост и тоа го следат. Кај секој еден човек ако тоа го подржат без разлика дали е независен кандидат или потекнува од нашата ВМРО матрица, доколку ги препознаат овие атрибут тие ќе го подржат, а доколку не ги препознаат овие атрибути, ќе го критикуваат и тука нема дилема. Тие се жестоки борци за своите луѓе но и жестоки критичари ако некој ги изневери очекувањата на тие луѓе, додаде Мицкоски.