Мицкоски со убедливо највисок рејтинг меѓу политичарите

Сподели на:

Дури 78% од македонските граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока покажува најновата анкета која ја објави Меѓународниот републикански институт ИРИ спроведена во сите 6 земји од регионот.На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ ако денес се одржи референдум, во пет од шесте земји големо мнозинство граѓани вели ДА, и тоа од 68% во Македонија и Босна и Херцеговина па до највисоки 92% во Албанија. најниска поддршка за ЕУ има во Србија од само 40% и диру 34% кои се против

Сепак речиси секој втор македонски граѓанин смета дека Унијата нема сериозна намера да ги отвори вратите и да и понуди членство на државата.Во однос на надворешната политика 31% од граѓаните сметаат дека таа треба да биде насочена кон Европската унија и западните држави, наспроти 23% кои сметаат дека земјава треба подеднакво да биде насочена и кон западот и кон истокот.Економските прашања, односно трошоците за живот и високите цени и натаму се најголем проблем за граѓаните, по што следуваат корупцијата и невработеноста.Религиозните институции и армијата се на врвот по доверба помеѓу граѓаните, додека на дното со најмала доверба се политичките партии, Собранието и судовите.

Интересна е довербата помеѓу политичарите. Додека високи 52% од граѓаните одговориле дека не му веруваат на ниту еден политчар, оние кои се определиле го избираат лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Со 14% доверба Мицкоски е на врвот на оваа листа, по што следат Ахмети, Максим Димитриевски, Стево Пендаорвски, Груевски и на шетото место на листата е лидерот на СДСМ Ковачевски.Ако помеѓу Македонците одговорите се разделат по возрасни групи, кај младите помеѓу 18 и 35 години, зад Мицкоски на второто место по доверба е лидерот на Левица Апасиев, додека кај возрасната група над 56 години висока доверба се уште ужива екс премиерот Груевски.

Ако помеѓу Македонците одговорите се разделат по возрасни групи, кај младите помеѓу 18 и 35 години, зад Мицкоски на второто место по доверба е лидерот на Левица Апасиев, додека кај возрасната група над 56 години висока доверба се уште ужива екс премиерот Груевски.Според анкетата на ИРИ телевизиите и натаму се примарен извор за информирање, а телевизија Сител останува на врвот на листата медиум со најголема доверба од речиси 40%

Анкетата на ИРИ е спроеведена пред двојните избори во земјава, односно во периодот од 2 февруари до 5 март годинава во целиот регион на Западен Балкан, а големината на промероците од земја во земја варира помеѓу 1000 и 1238 испитаници.

Сподели на:

Слични Објави