Можеби живот за сите НЕ, ама храна ќе имало….

Сподели на:

Министерот Николовски тврди дека храна ќе има за сите, нема да дозволи да гладува народот и ако во 2016та година паролата на СДСМ за парламентарните избори им беше ЖИВОТ ЗА СИТЕ, дојде момент кога дебатираме дали воопшто храна ќе има за сите. Економската криза која ја зафати и Македонија ја почуствуваа сите со тоа што поскапуваат цените на основните продукти секојдневно, цената на горивата растат од ден на ден, некои од основните продукти ги немаше по маркетите како маслото за готвење и брашното. Во гостувањето на утрински брифинг Николоски изјави:

Сега гледаме колку е важно обезбедувањето храна, но граѓаните не треба да се грижат. Имаме доволно колични основни производи, подготвуваме план за поддршка на пролетната седиба, а резултат ќе дадат и интервентните мерки.

-Храна ќе има. Активно и будно ја следиме состојбата. Граѓаните да не стравуваат и да им веруваат на институциите, порача Николовски.

Сподели на:

Слични Објави