Недела 11 часот отчет на Општина Прилеп
Од Општина Прилеп за недела најавија отчет на сработеното во изминатите две години, па со таа цел ги поканија прилепчани на промоцијата.
Почитувани сограѓани, Ве покануваме во недела на 11.02.2024 година со почеток во 11:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“, на промоција за сработеното на Локалната самоуправа на Општина Прилеп во изминатите две години, 2022 и 2023. Ветивме пред Вас дека ќе работиме отчетно и транспарентно и тоа го докажуваме. Вие преку Вашата поддршка сте нашиот мотив да работиме секојдневно на подобрување и градење на нашиот Прилеп во едно поубаво место за живеење.