Николоски: Имаме докази дека Груевски до Ахмети, Џафери и трета страна на УСБ доставил измени на КЗ, а тоа се скоро истите кои поминаа во Собрание

Сподели на:

Однесувањето на поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ беше многу јавно, два пати се правеше обид за вонреден конгрес во партијата, поранешниот претседател остана активен на социјалните мрежи и имаше став за многу теми, но не и за името, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата 360 Степени што се емитува на јавниот сервис на МТВ.

Николоски додава дека нема збор за францускиот предлог до обзанување на тоа што се случува зад сцената, оттука овие декствувања се од месеци наназад има интензивна комуникација со ДУИ, има контаки и со СДСМ но идеите кои се разговараат не се во корист на државата.Во делот на докази, посочи Николоски има два дела.„Едниот дел е, никој нема намера да биде таен агент и да собира докази, не е работа на партијата, ама поранешниот претседате треба да одговори зошто има комуникација и со еден од врвните луѓе на безбедносните структури во македонија, а треба да одговори и тој од безбедносните структури. Второ е, политичкото дејствување, кога ќе видите дека стигнува од неколку страни и кога ќе видите како од каде стигнува“, кажа Николоски.

Сподели на:

Слични Објави