Николоски: Пендаровски е човек кој не знае воопшто и дека Беровци постои
„Клучна е масовна референдумска излезност затоа што никој не прашува дали ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку прашањето е како и со колку ќе победи. Никој не прашува дали Гордана Силјановска Давкова ќе победи, туку прашањето е со колку ќе победи“, кажа Николоски.
Македонија во моментов има претседател на држава на заминување кој веројатно е најодродениот претседател кој државава го видела. Човек кој нема допир нити со сопствената држава, нити со сопствениот народ. Мислам мапата да ја извадиме и да му речеме Стево Пендаровски ако погодиш кај е Беровци имаш втор мандат, без избори ќе остане и втор мандат, но нема поима кај сте и што сте нити знае дека воопшто постоите, тоа е тажната вистина за Стево Пендаровски“, истакна носителот на ИЕ 4 Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп од населеното место Беровци.
Николоски додаде дека најдобриот начин да се стави крај на оваа работа е масовна излезност и на 24 април и на 8 мај.„Клучна е масовна референдумска излезност затоа што никој не прашува дали ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку прашањето е како и со колку ќе победи. Никој не прашува дали Гордана Силјановска Давкова ќе победи, туку прашањето е со колку ќе победи“, кажа Николоски.Николоски истакна дека има бројни т.н сценаристи кои размислуваат на разни сценарија.
„Една од главните сценарија им е да го бојкотираат вториот круг на избори со цел изборите да не успееле. Најдобар начин да се спротивставиме на таа работа е масовна излезност на 24 април, шест цифрена разлика над 100,000 гласа разлика гласа за Гордана Силјановска Давкова како би можеле да ги демотивираме сите овие кои размислуваат на оваа опција и затоа е битно да се мобилизираме сите и да излеземе на гласање“, истакна Николоски.
Тој посочи дека Стево Пендаровски е обожувач сам себе да се претставува и портретира како чесен, скромен и без скандали.Втората работа која сакам да ја кажам за Стево Пендаровски е дека обожува себеси да се претставува и да се портретитира како чесен, скромен, човек без скандали. Обично тоа се работите кои други треба да ги кажуваат за вас ама кај Стево самиот ги кажува за себе па можете да видите дека држи говори и прави промо видеа каде вели јас сум чесен човек, немам ниедна афера, ниеден криминал“, вели Николоски.Николоски продолжи и на Пендаровски му упати три прашања.
„Трите прашања кои ги поставувам се следниве. Прво ако е толку чесен зошто го потпиша законот за измени на кривичниот законик со кои се направи амнестија на криминалците? Второто прашање каков е тој чесен претседател кој збор не кажал за ниедна крими афера која се случува во државата? за ниедна крими афера во Македонија која ја обзнанувала ВМРО-ДПМНЕ збор нема кажано, а нема кажано и третата работа каков е тој чесен претседател кој дозволува кампањата да му биде финансирана од крадени ваши пари главно преку тендери од РЕК Битола кој е на 50км воздушно од овдека од вас? Ова се трите прашања кои ги поставувам на секој јавен собир, еве ги поставувам и му правам шанса на Стево Пендаровски да одговори на истите доколку е така чесен како што тврди, но очигледно не е“, запраша Николоски.
Николоски во однос на парламентарните избори за неговиот против кандидат во 4 ИЕ истакна дека тој е еден повратник во политиката, човек за кој тој лично очекувал дека ќе гледа да се скрие и да го заборави јавноста и никогаш повеќе да не се потсети на она што го правеше, но наместо тоа реши да се врати во политиката.„Колку што знам ни тој овдека во Беровци не дошол, веројатно нема ни да дојде затоа што пиар агенцијата „Рејтинг“ која му ја води кампањата не знаат дека воопшто Беровци постои, води кампања како да е во Скопје, веројатно Беровци најмногу на Буњаковец го асоцира така што место во Беровци можно е во Буњаковец да го пуштат“, кажа Николоски.