Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Прилеп-Скопје
Николоски истакна дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се работи на целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје, кое би било готово во периодот 2028-2029 година со што позитивно ќе влијание на бизнис климата во Битола.
„Во моментов работиме заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта еден огромен проект, целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје и секако со Грција. Тоа ќе значи дека некаде 2028-2029 година ќе има целокупно или автопатско решение или експресен пат од Скопје до Битола на еден супер модерен, брз но во исто време и безбеден начин, ќе се патува за едни пријатни час и 30 минути, што целосно ќе ја смени и бизнис климата во Битола но и начинот на функционирање што тоа ќе значи и за целиот регион“, рече Николоски.