Од утре изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола
На државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежните активности кај мост на река Шемница, од 27 март ќе има целосно затворање и времена измена на режимот на сообраќај. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.